Alcatel-Lucent производи

Податочни производи

Alcatel-Lucent OmniSwitch 6250

Stackable fastethernet LAN switch

Alcatel-Lucent OmniSwitch™ 6250 е нова серија на L2+ Fast-Ethernet надградливи свичеви наменети како за компании со централни и оддалечени локации така и за пристапни точки. Корпоративните модели се наменети за мали и средни компании и за оддалечени локации, додека метро-моделите се наменети за резидентни апликации и деловни решенија каде има потреба од метро-сервиси како што се провајдерите.

Флексибилна понуда:

Понудата обезбедува свичеви со капацитет до 24 FE порти, опремени со напреден L2-софтвер и базични рутирачки функционалности, што ги прави идеални за имплементација на крајни точки каде што е потребен компактен, флексибилен, надградлив и ценовно прифатлив концепт, а притоа не се крајно неопходни гигабитни брзини.
  • 8 и 24 порти, POE
  • 2.5 гигабит стек full duplex
  • Корпоративни и метро (M)-модели
  • Резервно напојување за 24-портни модели

Сеопфатен AOS

OmniSwitch 6450 серијата предвидува широка безбедносна палета на функционалности за пристап кон мрежата, спроведување полиси и задржување напади, овозможувајќи потполна безбедност и управување со мрежата (NMS).

  • Висока безбедност и достапност: Access Guardian, виртуелна шасија
  • Заштеда на инвестицијата: IPv6, 802.1x, ниска потрошувачка
  • Спремност за метро-етернет сервиси (MEF-сертифицирани)
  • Управување преку OmniVista-NMS

Целни групи

Одлично позиционирано решение за традиционални корпоративни апликации и метро-сервиси.
  • Мали и средни компании (SME)
  • Метро-етернет пристап
  • Резиденцијални и деловни решенија
  • Телеком-решенија (телеком, градски мрежи, метро-пристап)

Продуктна палета

Корпоративни модели
  • OmniSwitch 6250-24
  • OmniSwitch 6250-P24 (PoE)
Метро-модели
  • OmniSwitch 6250-8M
  • OmniSwitch 6250-24M
  • OmniSwitch 6250-24MD

Alcatel-Lucent OmniSwitch 6450

Stackable ethernet LAN switch

Alcatel-Lucent OmniSwitch™ 6450 надградливите фаст и гигабит-етернет LAN серија на свичеви овозможува разновидност, 24/48 порти во фиксна конфигурација, со опциони модули за надградба за 10 гигабит етернет (GigE) за стек или 10 GigE за аплинк или метро-сервиси. Базирани на докажаниот Alcatel-Lucent оперативен систем (AOS) овозможуваат висока достапност, безбедност, заштита, едноставно управување и еколошки ориентирани мрежи.

Флексибилна понуда:

Овозможувајќи дизајн кој е ориентиран кон флексибилност и модуларност, почнувајќи од 10 до 48 порти, како и ниска потрошувачка, OmniSwitch 6450-серијата претставува исклучително решение за крајни точки каде гигабитни брзини се неопходни.
  • 10, 24 и 48 порти, POE и Non-POE
  • 2 x 10 гигабит стак
  • 24 порти SFP-оптички трансивери
  • Резервно напојување за 24/48 модели
  • Оптимизирана моќност, намалена длабочина и ниво на бучава

Сеопфатен AOS

OmniSwitch 6450-серијата предвидува широка безбедносна палета на функционалности за пристап кон мрежата, спроведување полиси и задржување напади, овозможувајќи потполна безбедност и управување со мрежата (NMS).
  • Висока безбедност и достапност: Access Guardian, виртуелна шасија
  • Заштеда на инвестиција: IPv6, 802.1x, ниска потрошувачка
  • Управување преку OmniVista NMS

Целни групи

Одлично позиционирано решение за традиционални корпоративни апликации и метро-сервиси.
  • Крајни точки и работни групи за мали и средни компании
  • Деловни етернет-сервиси и оптичко поврзување
  • IP-конвергенција со оддалечени локации

Продуктна палета

Non-POE модели
  • OmniSwitch 6450-24
  • OmniSwitch 6450-48
  • OmniSwitch 6450-U24
  • OmniSwitch 6450-24L
  • OmniSwitch 6450-48L
POE-модели
  • OmniSwitch 6450-P24L
  • OmniSwitch 6250-P48
  • OmniSwitch 6450-P24L
  • OmniSwitch 6450-P48

Alcatel-Lucent OmniSwitch 6850E

Stackable gigabitethernet LAN switch

Alcatel-Lucent OmniSwitch™ 6850E надоградливите LAN-свичеви претставуваат најнова линија на L3-етернет свичеви во рамки на OmniSwitch-портфолиото. OmniSwitch 6850E се дизајнирани да ги задоволат потребите на крајните мрежни точки со цел постигнување максимално корисничко задоволство во рамки на мрежи со динамични апликации.

Флексибилна понуда:

OmniSwitch 6850E е достапен во 24 и 48-портна изведба, обезбедувајќи комутирање на L2 и рутирање на L3-ниво, преку напредни сервиси, надежна достапност, отпорност и безбедносни механизми кои го прават идеален како крајна точка во средните и големите компании, како агрегациска точка во помали мрежи или напреден кориснички уред при метро-етернет изведби.
  • Мрежна брзина со мало доцнење на 24 и 48-гигабит порти во POE и Non-POE
  • Висока достапност со редундантно напојување и ладење
  • 24-порт SFP за оптички трансивери
  • Зголемен број на 10G-аплинкови (до 4)
  • Оптимизирана моќност, намалена длабочина и ниво на бучава

Сеопфатен AOS

OmniSwitch 6850E-серијата овозможува сеопфатна безбедност за контрола на мрежен пристап, управување со полиси и контрола на напади, овозможувајќи потполна мрежна заштита и управување со мрежата.

  • Висока достапност и надежност: Access Guardian, виртуелна шасија
  • IPv4 и IPv6 комутација на второ и трето ниво
  • Управување преку OmniVista NMS
  • Напреден квалитет на услуги (QoS) со цел поддршка на критични апликации

Целни групи

Идеален за традиционални корпорациски мрежи и апликации, како и за метро-етернет изведби.
  • На краевите од конвергентни мрежи на средни и големи компании
  • На агрегациски позиции
  • Како јадрени мрежи за мали компании

Продуктна палета

Non-POE модели
  • OmniSwitch 6850E-24
  • OmniSwitch 6850E-24X
POE модели
  • OmniSwitch 6850E-P24
  • OmniSwitch 6850E-P24X

Говорни производи

Alcatel-Lucent Enterprise

Комуникациски сервер за средни и големи компании и корпорации

Alcatel-Lucent OmniPCX™ Enterprise-комуникацискиот сервер претставува крајно флексибилно решение во поглед на капацитетот, со најнапредни функционалности кои овозможуваат врвна услуга за средните и големите компании, како и за големите корпорации независно дали се наоѓаат на едно место или на дисперзирани локации.

Alcatel-Lucent OmniPCX Enterprise-комуникацискиот сервер овозможува подлога за кое било IP и/или традиционално комуникациско решение, интегрирајќи најнови Linux®, XML, SIP и VXML-технологии и отворени стандарди како QSIG, ITU-T H.323, CSTA и SIP.


Тој овозможува широк опсег на надоградливост од 10 до 100.000 корисници, кои може да бидат распространети на различни географски локации, овозможувајќи притоа безбедна и навремена комуникација со неверојатна достапност и стабилност од 99.999 %.

Во комбинација со Alcatel-Lucent OpenTouch-софтверската палета, традиционалната комуникација се претвора во збогатено искуство со мултимедиум, повеќе корисници и повеќе различни уреди во секојдневното работење. OpenTouch-софтверската палета овозможува мултимедијалност (видео, говор, инстант-пораки, размена на содржини) и повеќенаменски услуги на корисниците, со што се подобрува контактот со корисниците, партнерите и добавувачите, како и целокупното работење. OpenTouch овозможува единствено корисничко искуство, базирано на конференциско работење преку различни уреди и различни локации.

  • Подобрена комуникација, која овозможува поголема продуктивност на вработените и интеракција со корисниците, преку употреба на напредни телефонски функционалности од страна на сите вработени независно од локацијата
  • Подобрена соработка преку непречена интеграција со OpenTouch™-сервисите за мултимедиум, повеќекорисничко и повеќеуредно работење
  • Оптимална оперативна ефикасност, корисничко задоволство, безбедност и сигурност преку голема палета на апликации наменети за хотелиерство, болничко работење, образование, транспорт, енергетика, финансии и банкарство, кориснички услуги, владини и државни институции.
  • Зголемена надежност благодарение на робусната телефонска инфраструктура имплементирана во стотици илјади компании ширум светот
  • Намалени трошоци преку интегрирани функционалности како најевтина рута, VoIP преку глобални мрежи и централизирано поврзување преку дигитални и SIP-транкови
  • Намалена цена на поседување (TCO) преку употреба на надоградлив софтвер кој овозможува виртуелизација, наменета за намалување на трошоците и подобрување на IT-функционалноста
  • Заштеда на инвестиција преку напредни функционалности наменети за средни и големи компании, без притоа да се јавува потреба од ангажирање на специјализиран и високообучен технички персонал.

Alcatel-Lucent Office

Комуникациско решение за мали и средни компании

За да се успее во малиот и среден бизнис (SMB), неопходно е да се одржува корисничкото задоволство и високото ниво на продуктивност на вработените, а, од друга страна, ниското ниво на оперативни трошоци. Динамичната комуникација која има за цел да ги зацврсти релациите, да ги зголеми соработката и мобилноста, како и подобрување на целокупните перформанси треба да претставува столб на идните успеси.

Alcatel-Lucent OmniPCX Office претставува флексибилно комуникациско решение наменето за компании до 200 корисници кои сакаат придобивки и функционалност како и големите компании. Преку овој систем се овозможуваат напредни деловни услуги вклучувајќи вграден сервис за говорна пошта/автоматско говорно водење, автоматска дистрибуција на повици (ACD), софтверски телефон, IP и SIP-телефонија, работни телефони со колор-дисплеј, мобилност во и надвор од рамките на компанијата.


Alcatel-Lucent OmniPCX Office поседува модуларен дизајн на секое можно ниво — од изборот на комуникациска платформа и софтверски лиценци, до комуникацискиот сервер и мрежните интерфејси неопходни за задоволување на корисничките потреби. Базиран на VoIP-технологија, OmniPCX Office претставува решение спремно за иднината, со бројни напредни функционалности.
  • Интегриран, модуларен, современ комуникациски сервер кој поддржува напредни TDM и IP -телефонски функционалности
  • Комплетен со комуникации едноставни за користење, како: говорна пошта, личен асистент, автоматско говорно водење и компјутер ‒ телефон интеграција
  • Сите платформи располагаат со моќна процесорска единица
  • За говор преку IP на располагање се инкременти по 16 VoIP-канали, со можност за проширување до 48 канали
  • Oвозможува аналогни, дигитални, IP и мобилни телефони, како и PC-софтверски телефони
  • Известување во форма на музика на чекање и говорни пораки
  • Автоматско говорно водење: говорно управување со дојдовните повици
  • Софтверска апликација PIMphony
  • Автоматско пренасочување на дојдовни повици
  • Автоматска диструбуција на повици со помош на OmniTouch-контакт центарот

Вистинскиот телефон за вистинската работа

Независно дали е VoIP, SIP, дигитален, аналоген или безжичен, Alcatel-Lucent го има вистинскиот телефон за да им овозможи на вашите клиенти и на вработените да комуницираат.

Се овозможува комплетна палета на телефонски сервиси интегрирани во Alcatel-Lucent - комуникациските сервери – Enterprise и Office – ненадминати во поглед на функционалностите, надежноста и квалитетот, кои претставуваат незаменлив придружник на вашата работна маса или додека сте во движење.



Дигитални телефони – серија 9

Alcatel-Lucent серијата 9 на дигитални телефонски апарати ве носи во нова димензија на аудиоискуството, естетиката, комуникациските можности и корисничката грижа. Оваа напредна палета ја истакнува целокупната моќ на повеќепати наградуваните Alcatel-Lucent OmniPCX-комуникациските сервери – со сите расположливи функционалности – на уште поедноставен начин.

Продуктна палета

4039 Дигитален телефон
4029 Дигитален телефон
4019 Дигитален телефон


IP Touch-телефони ‒ серија 8

Alcatel-Lucent серијата 8 претставува палета на IP-телефонски апарати кои овозможуваат комплетна функционалност во поглед на IP-интеграцијата и телефонијата. Не само што овозможуваат интеграција на податочната и говорната комуникација преку IP, овие телефонски апарати поддржуваат ненадминат број на функционалности, вклучувајќи веб-базирани XML-апликации.

Продуктна палета

4068 IPTouch телефон
4038 IPTouch телефон
4028 IPTouch телефон
4018 IPTouch телефон
4008 IPTouch телефон


DECT-телефони

Ергономични и интуитивни, Alcatel-Lucent Digital Enhanced Cordless Telecommunications (DECT)-телефонските апарати овозможуваат вработените непречено да се движат, а притоа да бидат сигурни дека постојано ќе бидат достапни.

Продуктна палета

8232 DECT
500 DECT
300/400EX DECT


WLAN OmniTouch-телефони

Alcatel-Lucent OmniTouch™ безжичните LAN (WLAN)-телефонски апарати претставуваат удобно и практично решение за која било деловна средина. Расположливите модели се опремени со стандардна IEEE 802.11a/b/g конфигурација, со што на корисниците им е овозможено да изберат Wi-Fi®-имплементација адекватна на нивните реални потреби за апликации, покриеност и густина на корисници.

Продуктна палета

8118 WLAN
8128 WLAN


OmniTouch My IC Phone

Alcatel-Lucent OmniTouch™ My IC Phone претставува нова категорија на терминална опрема, таканаречени паметни телефони, со цел овозможување нови функционалности. Преку истите телефонски апарати се овозможува ненадминато ниво на удобност на работната маса, благодарение на широкопојасниот систем за аудио и постојаната достапност.

Продуктна палета

8082 My IC Phone


Конференциски телефон ‒ OmniTouch

Alcatel-Lucent OmniTouch™ 4135 IP-конференцискиот телефон претставува флексибилна, SIP-базирана единица. За компании кои имаат потреба од IP-говорни услуги, овозможува иновативни функционалности за поефикасно воспоставување конференциски повици.

Продуктна палета

OmniTouch 4135

Wlan products

Alcatel-Lucent OmniAccess

Безжични комуникациски решенија

Додека безжичната мрежна инфраструктура ја зголемува мобилноста и продуктивноста на вашите вработени, истовремено таа може да претставува закана за информациите кои се пренесуваат преку етерот. Alcatel-Lucent WLAN (Wireless Local Area Network)-решенијата овозможуваат вработените да функционираат непречено и без ризик независно дали се во или надвор од компанијата, користејќи најсовремени вградени безбедносни технологии:
  • Висока достапност за постојани комуникации во динамичните компании
  • Намалени трошоци во поглед на проширливост, вградени безбедносни механизми и енергетска ефикасност
  • Безбеден пристап благодарение на автентикација, авторизација и проверка на идентитетот, како и вградениот firewall
  • Најдобри услови во поглед цена/перформанс и управување со системот; овозможуваат сеопфатен менаџмент на поедини елементи во мрежата, самата мрежа или глобално
  • Централно управуван и безбеден безжичен пристап во рамки на компанијата, надвор или дома

WLAN-СВИЧЕВИ:

Alcatel-Lucent OmniAccess™ WLAN-свич/контролер палетата на производи овозможува најширока палета на безбедносни механизми за безжична комуникација од таков вид, секој дизајниран за специфична намена како што се кампуси, згради или оддалечени локации.

Продуктна палета

  • OmniAccess 4306
  • OmniAccess 4306G
  • OmniAccess 4504XM
  • OmniAccess 4604
  • OmniAccess 4704
  • OmniAccess 4550, OmniAccess 4650, OmniAccess 4750
  • OmniAccess 6000W/Supervisor 3/SC-3

WLAN-ПРИСТАПНИ ТОЧКИ:

Alcatel-Lucent OmniAccess-пристапните точки работат во комбинација со Alcatel-Lucent OmniAccess Wireless LAN (WLAN)-свичевите/контролерите со цел да обезбедат високи перформанси во безжичните мрежи во рамки на компанијата.

Продуктна палета

Зависни пристапни точки

Овие пристапни точки овозможуваат безбедносен пристап кон целокупната мрежа и апликациите. За нив неопходно е WLAN-свич/контролер и софтверска лиценца.
  • OmniAccess AP68/68P
  • OmniAccess 90 Series
  • OmniAccess AP93H
  • OmniAccess 100 Series
  • OmniAccess 110 Series
  • OmniAccess AP134/135
  • OmniAccess AP175
  • OmniAccess AP224/225

Оддалечени пристапни точки

Овие пристапни точки овозможуваат безбеден пристап кон мрежата и апликациите за оддалечените локации, домашните корисници и луѓето кои работат на далечина. За нив неопходна е WLAN-свич/контролер и софтверска лиценца.
  • OmniAccess RAP 108/109
  • OmniAccess RAP 155
  • OmniAccess RAP3WN/RAP3WNP

Независни пристапни точки

Богати со функционалности на ниво како пристапни точки за големи компании кои од друга страна овозможуваат прифатлив буџет и едноставност како што побаруваат малите и средни компании. За нив не е неопходно да има WLAN-свич/контролер и софтверска лиценца.
  • OmniAccess 90 Series
  • OmniAccess 100 Series
  • OmniAccess 130 Series

СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ:

Alcatel-Lucent OmniVista 3600 Air Manager е моќен систем за управување со безжичната мрежна инфраструктура, а едноставен за користење, преку кој се контролираат локалните и оддалечените мрежи, како и жичните и безжичните мрежни елементи од широка палета на производители.

Со OmniVista 3600 може да се управува секој аспект од мрежната инфраструктура, од прием и праќање, до аларми и следење на уредите.

ПОЧЕТНА | ПАРТНЕРИ | WE MAKE IT WORK | KASPERSKY МРЕЖА | ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ | ЕДУКАЦИЈА | КОНТАКТ
Copyright © KABTEL Co., Ltd. 2001-2018. Сите права се задржани.