Историјат
      КАБТЕЛ дооел - Скопје започна со своите деловни активности во септември 2001 година како 100% приватна компанија за увоз-извоз. Започна скромно, со само двајца вработени, за подоцна во континуитет да го зголемува бројот на вработени. Денес КАБТЕЛ спаѓа во категоријата средни македонски компании со над 50 вработени. Во исклучително краток период КАБТЕЛ се наметна како лидер на новиот бран на ИКТ-услуги и експертизи во Република Македонија со квалитетот на услугите и непосредната комуникација со клиентите со што постави нови стандарди во работењето.
2001
КАБТЕЛ официјално стана генерален и ексклузивен застапник на Nexans, најпознатиот производител на кабли и кабелски системи во светот, за Македонија и за поширокиот регион. Бренд чии производи се интегрирани во технолошки најнапредните светски познати објекти и индустрии како што се: најголемиот патнички авион „Airbus 380“, Европскиот парламент, Версајската палата, најголемите светски синџири на хотели, аеродроми, морски пристаништа, бродови, автомобили, кулите близначки Петронијас во Малезија и на многу други места. Името Nexans е синоним за врвен квалитет и решенија со исклучително висок степен на доверливост и развој.
2002
КАБТЕЛ е дел од проектот на Електростопанство на Македонија каде е испорачана и инсталирана опрема од Nexans Cabling Solutions од категорија LANmark-6 Class E.

Имајќи ја предвид непроценливата важност за безбедни компјутерски системи, КАБТЕЛ го прошири своето портфолио со производите на Kaspersky Lab, најдобрите светски антивирусни решенија. КАБТЕЛ се здоби со ексклузивно застапништво на производите на Kaspersky Lab за Македонија, Албанија и Косово.

2003
Министерството за финансии на РМ, како институција на која безбедноста на податоците им е од исклучително значење, по детална анализа за можностите на повеќе производители на антивирусни решенија, го избра KASPERSKY LAB како најсоодветно решение, а КАБТЕЛ како компанија која ќе го испорача софтверот и ќе помогне во неговата имплементација.
2004
КАБТЕЛ се здоби со престижниот сертификат за овластен регионален тренинг-центар на Nexans. КАБТЕЛ е еден од првите тренинг-центри во поширокиот регион за кабелски решенија LAN (бакарно и оптичко вмрежување).

Регионалниот тренинг-центар го води високостручен лиценциран тренер Nexans ‒ Славица Поповска, со што е во можност, уште поквалитетно, дел од својата експертиза да ја пренесе и на другите компании од областа на комуникациите во делот за проектирање и реализација на мрежни решенија LAN.

2005
Стекнувањето на статусот Alcatel-Lucent Business Partner за продажба, инсталирање и администрирање на комуникациските системи од генерацијата OmniPCX, е потврда за успешната соработка на КАБТЕЛ со Alcatel-Lucent, реномирана компанија за производство на говорни и податочни решенија, како и други напредни интегрирани комуникациски решенија.

Производите на Alcatel-Lucent и соработката со оваа реномирана компанија повторно го издигнаа КАБТЕЛ на пиедесталот ‒ лидер во областа на модерните комуникации во Република Македонија, со што ја започнавме новата ера во комуникацијата, т.е. направивме спој на класичната и IP телефонија.

Во периодот од септември до декември КАБТЕЛ дизајнираше и имплементираше два клучни проекта за Клириншки интербанкарски систем (КИБС) ад Скопје. Беше дизајниран и имплементиран структурен кабелски систем за простории на KИБС и систем за оптичко подземно поврзување помеѓу две локации.

2006
КАБТЕЛ го дизајнираше и го имплементираше структурниот кабелски систем за проектот „Полициска академија“ со LANmark-5 Class D 2002.

Првиот структурен кабелски систем Cat-6 10G во Медиа Принт Македонија Кабтел го дизајнираше и го имплементираше во периодот од април до јуни.

2007
Како што се распространува безжичниот сервис во начинот на кој живееме и работиме, потребата за сигурна и ефектна инфраструктира насекаде низ светот е многу важна. Oд јули, Radio Frequency Systems Business Partner е новиот партнерски договор на КАБТЕЛ со кој го одржуваме темпото на компанија која на пазарот може да понуди иновативни и модерни технологии од светски познатите компании. Radio Frequency Systems e глобален лидер во развојот на безжични системи.

КАБТЕЛ дизајнираше и имплементираше голем број капитални проекти меѓу кои:

  • Македонска пошта, корпоративно решение VoIP за 16 локации на територијата на Р Македонија
  • „Зграда на Нова Македонија“ ‒ структурен кабелски систем Cat-5e
  • „NATO Summit 2007 Ohrid“ ‒ структурен кабелски систем LANmark-5 Class D 2002
  • Фени Индустрија Кавадарци ‒ поврзување на фабриката со рудникот „’Ржаново“ ‒ се испорача и инсталира oптичка инфраструктура
  • „Спортска сала Борис Трајковски“ ‒ структурен кабелски систем LANMark 6
  • VIP, испорака и инсталација на базни радиостаници Alcatel, антени и коаксиални кабли за базни станици GSM.
2008
„Компјутер за секое дете“ е проект кој Македонија ја издвојува како прва и единствена држава во светот која овозможува употреба на компјутер во образовниот систем за секое дете и пристап за секое дете до глобалната интернет-мрежа.

За успешно реализирање на овој капитален проект на државата беа избрани КАБТЕЛ и NEXANS, како ексклузивен партнер на КАБТЕЛ во делот за каблирање.

За прв пат во Македонија од страна на КАБТЕЛ, а во соработка со NEXANS беше инсталиран LANmark-5 кабелски систем.

Вкупна должина 261 км LANmark – 5 кабел. Вкупно инсталирани 15.724 линкови во прва фаза, во средни училишта, која успешно беше завршена во 2008 година.

45 место на листата на 200 најуспешни фирми во Македонија за КАБТЕЛ според добивката пред оданочување, според финансиските податоци за 2008 година на Централниот регистар во рамките на Регистарот на годишни сметки.

2009
За проектот „Компјутер за секое дете“, КАБТЕЛ успеа да добие втор договор за каблирање на 365 основни училишта во целата земја, вклучувајќи околу 5.000 училници. Беше потпишан и трет договор со Министерството за образование и наука за 213 подрачни основни училишта, вклучувајќи околу 830 училници.

За претседател на Управниот одбор на МАСИТ во март е избран Горан Митрески, главен извршен директор на КАБТЕЛ.

За проектот „Оптички кабел до секој дом“, КАБТЕЛ потпиша рамковен договор со Македонски телеком.

Меѓу 200-те најуспешни македонски компании, а според годишниот раст, Кабтел е на 9-то место според финансиските показатели за 2009.

2010
Горан Митрески, главен извршен директор на КАБТЕЛ, во друштво на тројцата најдобри работодавачи (во категорија до 100 вработени). Изборот е всушност рангирање на компаниите кои применуваат најдобри пракси во управувањето со човечкиот капитал.

КАБТЕЛ e eдна од првите компании во Македонија која во јуни е стекна со сертификат за систем за управување со ИТ услуги ISO/IEC 20000-1:2005. Исто така, компанијата се стекна и со сертификат за систем за управување со квалитет ISO 9001:2008.

2011
Година во која КАБТЕЛ бележи 10-годишен јубилеј од основањето на компанијата.

Февруари ‒ КАБТЕЛ официјално отвори своја канцеларија во Тирана, Република Албанија. Многу брзо се очекува ова да се случи и во Србија, Косово, Црна Гора и Босна. Со ова официјално КАБТЕЛ се шири на странските пазари, иако и досега беше присутен преку локални партнери.

„Most Promising Partner Of The Year“ за „Emerging Markets“ - Kaspersky Lab, во Кејптаун, Јужна Африка. Престижната награда беше доделена на најголемата конференција на KASPERSKY која се организира за сите партнери од регионот ЕМЕА и Јужна Америка. Наградата на КАБТЕЛ му ја врачи лично Евгениј Касперски, CEO на Kaspersky. Оваа награда на КАБТЕЛ му беше доделена како резултат на зголемената продажба и постигнатите резултати во делот на проширување на продажната мрежа на територијата на Република Македонија.

Јуни ‒ КАБТЕЛ како продлжување на успешниот проект на УСАИД/ДПК Консалтинг за имплементација на судски реформи, КАБТЕЛ за Министерството за правда испорача софтверскo решениe за антивирусна и антиспам заштита Kaspersky преку пакетот Kaspersky Business Space Security со 2.200 лиценци.

КАБТЕЛ го прошири своето портфолио со брендовите Micros Fidelio, Cryptzone и Bizagi.

  • Micros Fidelio е светски лидер во комплетни платформи за менаџирање на хотели, клиники, казина, малопродажни ланци.
  • Cryptzone е лидер во софтверската индустрија за минимизирање на ИТ безбедносниот ризик. Целиот бизнис, сите интерни и екстерни деловни активности, како и раководењето со компанијата е базирано на процеси.
  • Bizagi како глобален лидер нуди апликации за менаџирање на деловни процеси (BPMS).
2012
„Best Government And Public Sector Implementation In 2012“ – Kaspersky Lab, Порторож, Словенија
2013
„The Best Business Initiatives“ за „Emerging Markets“ – Kaspersky Lab, Киев, Украина

„Best xSP Implementation in 2013“ – Kaspersky Lab, Дубровник, Хрватска

КАБТЕЛ го прошири своето портфолио со брендовите LANDE, ZENTYAL, CYBEROAM.

  • LANDE e лидер во производство на мрежни и серверски кабинети (ракови).
  • ZENTYAL, глобален лидер за инфраструктурни решенија за мали и средни компании и корпорации.
  • CYBEROAM е уред кој овозможува унифицирана заштита од напади.
2014
“Best SMB Partner in 2014” - Kaspersky Lab, Будва, Црна Гора.

Кабтел го проширува своето работење во сегментот на противпожарна заштита, видео надзор, јавно адресирање.

КАБТЕЛ дизајнира и имплементира голем број на капитални проекти, вклучувајќи:

  • Национална хидрометеоролошка служба во Република Македонија, управување со унифицирана закана за Cyberoam за повеќе од 100 корисници
  • Министерство за здравство на Република Македонија, комплетен проект за телекомуникациска инфраструктура со каблирање, преклопување и безжични решенија, на база клуч на рака
  • MEPSO, Kaspersky Endpoint Security Solution, Заштита за Exchange сервер (500 лиценци)
  • GHENTERM, структурно каблирање систем LANMark-6 со 25-годишна сертифицирана системска гаранција, пасивна инфраструктура во индустриска средина
  • Киро Дандаро А.Д. - Битола, структурно каблирање LANMark-6 со 25-годишна гаранција на системска гаранција, пасивна инфраструктура во индустриска средина
  • Тосама Трејд ДОО - Скопје, проектирање и инсталирање на нисконапонски и LAN структурирани кабелски системи со 25-годишна системска гаранција, видео надзор и сеопфатни активни телекомуникациски решенија
2015
Платинум партнер на Cyberoam Technologies, Sophos

Кабтел дизајнираше и имплементираше голем број на капитални проекти, вклучувајќи:

  • Управа за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, Cyberoam Unified Threath Management за повеќе од 100 корисници.
  • Министерство за здравство на Р. Македонија, комплетна телекомуникациска инфраструктура со вклучено каблирање, switching и безжични решенија, решение клуч-клуч на рака
  • MEPSO, Kaspersky Endpoint Security Solution
  • Киро Дандаро А.Д. Битола, Тосама Трејд ДОО, Гентерм, структурен кабелски систем LANmark-6 со 25-годишна сертифицирана системска гаранција, пасивна инфраструктура во индустриска средина
  • Тосама Трејд ДОО комплетно активно телекомуникациско решение
2016
Најголемите предизвици на KABTEL во 2016 година:

  • M-NAV, распоредување на комплетно мрежно решение, инфраструктурно каблирање во комбинација на високо редундантен switching и WLAN, како во седиштето, така и во оперативните простории низ Македонија.
  • ПЕТ Центар, распоредување на целосно интегриран switching и безбедносно решение за новата ПЕТ централна зграда со цел да се поддржи голем сообраќај во рамките на LAN мрежата за сите видови услуги, вклучувајќи видео, BMS, глас и податоци.
  • АД МЕПСО, распоредување на целосно интегриран switching, WLAN и безбедносно решение за просториите на седиштето.
2017
КАБТЕЛ дизајнираше и спроведе голем број на капитални проекти:

  • Македонска филхармонија, распоредување на целосно интегрирано решение за IP телефонија, интегрирана платформа која им овозможува на корисниците да комуницираат преку говорни, видео и текстуални пораки, но поддржува и дополнителни функционалности како што се мобилност, аудио конференции, контакт центар, како и унифициран систем за управување со заканите (UTM).
  • Фершпед, Метропол Езерски комлекс (х.Метропол, х.Белви, х.Турист) и Хотел Александар Палас, распоредување на гласовно решение за речиси 600 корисници на четири различни локации, опремени со хотелско решение, платежна и најнова WLAN технологија за поддршка на високата побарувачка на безжичен пристап во неговите простории.
  • АД МЕПСО, распоредување на целосно интегриран switching, WLAN и безбедносно решениеHuawei-IP Core, Агрегација, инсталација на опрема на Телеком сајтови.
  • Huawei-VDSL, инсталација, пуштање во работа на опрема и миграција на клиенти.
2018
Кабтел стана официјален партнер за Македонија на светски познатите брендови Nokia Networks и Robotina.

Како сертифициран деловен партнер на Alcatel Lucent Enterprise за Македонија, беше домаќин на евентот CONNEX 2018 во Хотел Александар Палас во Скопје, ноември 2018.

Во текот на годината КАБТЕЛ дизајнираше и имплементираше различни капитални проекти, вклучувајќи:

  • Железничка пруга Битола, Кременица, проектирање и инсталирање на оптичка мрежа; Министерството за труд и социјална политика, распоредување на комплетно безбедносно решение за седиштето и 40 дисперзирани објекти во рамките на една единствена мрежа, преку централната конзола за управување, системот за логирање и известување;
  • Метропол езерски ресорт (х.Метропол, х.Белви, х.Турист), инсталација на комплетна пасивна инфраструктура, инсталација и конфигурација на целосно Wi-Fi EzMaster решение од светски етаблираниот бренд EnGenius.
2019
Специјална награда за поддршка на растот на партнерот EnGenius по повод дваесет годишнината на компанијата, на EnGenius Cloud Launch&Partner Summit, Милано, мај 2019
ПОЧЕТНА | ПАРТНЕРИ | WE MAKE IT WORK | KASPERSKY МРЕЖА | ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ | ЕДУКАЦИЈА | КОНТАКТ
Copyright © KABTEL Co., Ltd. 2001-2018. Сите права се задржани.