Nexans Бакар производи

Бакарни кабли

Tелефонски мултипарични кабли

Nexans 25, 50 и 100 паричните UTP-кабли од Категорија 3 и Категорија 5 се специфично дизајнирани за употреба во податочните и говорните апликации.

Кодови за нарачка:

Категорија Пакување Изолација Реф. број
25 / Cat 5 1000m PVC N100.m01
25/ Cat 5 1000m LSZH N100.m02
50 / Cat 5 500m LSZH N100.m04
50 / Cat 3 500m PVC N100.808N
100 / Cat 3 500m PVC N100.809


UTP 4-паричен податочен кабел
FTP 4-паричен податочен кабел
S-FTP 4-паричен податочен кабел

Мрежни (податочни) кабли

Nexans Essential Cat 5e Class D, Cat6 Class E

Каблите од Категорија 5е и Категорија 6 Essential се стандардна понуда на Nexans погодни за базични инсталации. На располагање се кабли со светло сива боја и PVC-изолација или со портокалова боја и LSZH-изолација.

Категорија Тип Пакување PVC LSZH
Cat5e U/UTP PVC N100.561 N100.551
Cat5e U/UTP 500 m reel N100.564 N100.554
Cat5e F/UTP 305 m reel N100.461 N100.451
Cat5e F/UTP 500 m reel N100.464 N100.454
Cat5e SF/UTP 500 m reel N100.476 N100.407
Cat5e SF/UTP 500 m reel N100.476 N100.407
Cat6 U/UTP 305 m reel N100.166 N100.161
Cat6 U/UTP 500 m reel N100.169 N100.164

UTP 4-паричен податочен кабел
FTP 4-паричен податочен кабел
S-FTP 4-pair data cable

Nexans LANmark

LANmark Cat5e Class D

LANmark-5 e кабел со зголемени можности, дизајниран да обезбеди перформанси и опсег поголеми од базичните барања за Категорија 5е. Тој ги надминува строгите спецификации на ISO и е специфициран до 155 MHz за да обезбеди стабилност потребна за поддршка на апликациите со поголем опсег, користејќи ја C3-техниката за фреквенции поголеми од 100 MHz. F2TP верзијата се карактеризира со уникатен двоен штит од фолија обезбедувајќи супериорни EMC перформанси во споредба со конструкцијата со една фолија и во голема мера ја олеснуваат инсталацијата.

Категорија Тип Пакување PVC LSZH
Cat5e U/UTP 305 m reel N100.517 N100.507
Cat5e U/UTP 500 m reel N100.522 N100.521
Cat5e U/UTP 305 m reel N100.441 N100.491
Cat5e F1/UTP 500 m reel N100.444 N100.494
Cat5e F2/UTP 500 m reel N100.431 N100.421

UTP 4-pair data cable
FTP 4-pair data cable
S-FTP 4-pair data cable

LANmark Cat6 Class E, Cat6a Class Ea

Nexans LANmark-6 каблите се идеално решение за речиси сите мрежни побарувања во стандардните канцелариски околини. Произведени се и тестирани согласно со најновите спецификации за Cat6 Class E, дефинирани во стандардите EN 50288; IEC 61156-5; ISO/IEC 11801, ANSI/TIA-568-C.2. Дизајнирани се да ги задоволат сите критериуми за квалитет и перформанси за поддршка на сите апликации до 250 MHz. Тестирани се до 350 MHz, со загарантирани перформанси до 250 MHz

  • 10baseT Ethernet
  • 100baseTX Fast Ethernet
  • 1000baseTX Gigabit Ethernet
  • 155 MBit ATM
  • 622 MBit ATM
  • 1.2 Gbit ATM
  • Идни class E апликации
Category Type Packing PVC LSZH
Cat6 U/UTP 305 m reel N100.614 N100.604
Cat6 U/UTP 500 m reel N100.608 N100.605
Cat6 F1/UTP 500 m reel N100.629 N100.624
Cat6 F2/UTP 500 m reel N100.661 N100.662
Cat6 SF/UTP 500 m reel   N100.632

Nexans LANmark-6а 10G

Nexans LANmark-6а 10G каблите се екранизирани кабли специфицирани на фреквенции до 500MHz. Тие се специјално дизајнирани за поддршка на 10 Gigabit Ethernet стандардот по бакарни парици, а истовремено се целосно компатибилни со моменталните технички решенија.

LANmark-6а 10G каблите ги надминуваат барањата на EIA/TIA 568-B.2-1 и ISO/IEC 11802 Category 6а и се екранизирани (F/FTP) со цел задоволување на барањата за туѓ шум (Alien Crosstalk), кој се покажува како критичен за 10-гигабитните апликации. F/FTP каблите се состојат од четири индивидуално заштитени парици со фолија и дополнителна фолија околу сите парици заедно. Кога се користи заедно со Nexans LANmark-6 10G Evo-конекторите и LANmark-6 10G Ultim-печкордите, системот ги надминува строгите барања за линк и за 100m 4-конекторски канал дефинирани за Класа Eа за:

  • 10baseT Ethernet
  • 100baseTX Fast Ethernet
  • 1000baseTX Gigabit Ethernet
  • 10GBase-T 10 Gigabit Ethernet IEEE 802.3
  • 155 MBit ATM
  • 1.2 Gbit ATM
  • Идни Cat 6A и Class EA апликации

Nexans LANmark-6а 10G кабелот е дел од 25 годишниот гарантен модул на Nexans кога се користи во комбинација со останатите LANmark-6 10G-компоненти. Гарантниот модул ја вклучува поддршката за 10GBase-T апликацијата.

Кодови за нарачка LANmark Cat6 10G, Cat6a

Категорија Тип Пакување LSZH
Cat6 10G U/FTP 500 m reel N100.342G
Cat6a F1/UTP 500 m reel N100.624G
Cat6a F1/UTP 1000 m reel N100.622G
Cat6a F/FTP 500 m reel N100.694G
Cat6a F/FTP 1000 m reel N100.692G

LANmark Cat7 Class F, Cat7a Class Fa

Nexans LANmark-7 каблите, специфицирани за LANmark Class F-системите, се вистинското решение за идните доверливи мрежи и апликациии кои бараат големи брзини на пренос. Тие се посебно дизајнирани да ги поддржат барањата на идните мрежни протоколи и нудат супериорни перформанси до 1000 MHz, со што со значителна маргина ги надминуваат стандардизираните вредноси до 600 MHz специфицирани во IEC 61156-5 и EN50288-4-4 стандардите. Дополнително, обезбедуваат потполна компатибилност со денешните системи.

LANmark-7 каблите се изработени од 4 индивидуално оклопени парици, околу кои е намотан ширм за постигнување оптимални EMC-перформанси. Тој ги поддржува сите денешни апликации, но со своите перформанси ќе ги поддржи и апликациите кои допрва следуваат:

  • 10BASE-T Ethernet
  • 100BASE-TX Fast Ethernet
  • 1000BASE-TX Gigabit
  • Ethernet
  • 1000BASE-T Gigabit Ethernet
  • 155 Mbit ATM
  • 622 Mbit ATM
  • 1,2 Gbit ATM
  • CATV up to 862 MHz
  • Идни Class F апликации
  • Апликации со споделување на кабел (Cable sharing application)

Nexans LANmark-7A каблите е стандардизирано кабелско решение со највисоки перформанси на пазарот и ги поддржува сите тековни апликации и сите планирани апликации со употреба на кабли до Class FA

  • All Ethernet applications including
  • 10/100/1000Base-T
  • 1000Base-TX
  • 10GBase-T
  • CaTV up to 862MHz
  • Апликации со споделување на кабел (Cable sharing application) вклучувајќи и CATV
  • Идни Class FA-апликации

Кодови за нарачка LANmark Cat7 Class F, Cat7a Class Fa

f
Категорија Тип Пакување LSZH
Cat7 S/FTP 500 m котур N100.366
Cat7 S/FTP 1000 m котур N100.365
Cat7a S/FTP 500 m котур N100.372
Cat7a S/FTP 1000 m котур N100.371
Cat7a 1200 S/FTP 1000 m котур N100.382

Бакарни конектори

Nexans Essential Snap-in конектори

Cat5e, Class D

Nexans Essential Snap-in конекторите Cat5e се состојат од IDC-контакти кои можат да се терминираат со стандардна 110 или LSA-алатка.

Конекторот е едноставен за инсталација. Симетричниот капак овозможува кабелот да се внесува од страна или од задниот дел. Nexans Essential Snap-in конекторите Cat5e се компатибилни со кој било структурен хардвер за Snap-in на Nexans. Со додавање на адаптер може да се направат компатибилни со keystone формат.

Cat6, Class E

Nexans Essential-6 keystone конекторите Cat6 се произведени и тестирани согласно со најновите спецификации за Cat6. Тие ги поддржуваат сите апликации од Класа Е до 250 MHz. Кога се инсталираат заедно со Essential-6 кабел и печ-панели, може да се добие 25 год. гаранција за Class E Link од веб-страната на Nexans.


Nexans LANmark Snap-in конектори

LANmark-5 Snap-in конектор Cat 5e Class D

LANmark-5 Snap-in конекторот е дел од модуларните системи на Nexans и е погоден за секој структурен хардвер од истиот ранг. Комбиниран со LANmark-печкорд од Категорија 5е, LANmark-5 Snap-in конекторот ги надминува спецификациите за Cat5/Class D стандардот ISO/IEC 11801:2002 дефиниран за системи од Категорија 5е/Класа D со значителна маргина, дури и кога се користи во најлошиот случај на конфигурација со 4-конекторски канал.

LANmark-5 Snap-in конекторот ги поддржува сите податочни апликации дефинирани за Категорија 5e/Класа D, како што се 10BASE-T, Fast Ethernet, Gigabit Ethernet, 155 ATM, 622 ATM итн. На LANmark-5 Snap-in конекторот сe извршени независни тестирања и е утврдено дека кога се користи со LANmark-5 кабел и печкорди, 4-конекторскиот канал ги надминува барањата за Класа D што се дефинирани со стандардот ISO/IEC 11801:2002.

LANmark-5 Snap-in конекторот е „безалатен“ конектор (toolless) кој е така дизајниран да им овозможи на сите 8 жици да бидат брзо терминирани без потреба од алатка за приспојување (кроне-модул), овозможувајќи брза и сигурна инсталација. За побрза и полесна инсталација постои специјална алатка која ви овозможува и едноставно реконектирање во случај на инсталатерска грешка.

Кодови за нарачка:

Категорија LSZH
LANmark-5 Snap-in connector, unscreened for solid wire N420.550
LANmark-5 Snap-in connector, unscreened for stranded wire N420.551
LANmark-5 Snap-in connector, screened, with rear cover (EMC) for solid wire N420.555
LANmark-5 Snap-in connector, screened, with rear cover (EMC) for stranded wire N420.556

Cat6, Class E

LANmark-6 Snap-in конекторот е дел од модуларните системи на Nexans и е погоден за секој структурен хардвер од истиот ранг. Комбиниран со LANmark-печкорд од Категорија 6, LANmark-6 Snap-in конекторот ги надминува спецификациите на стандардот ISO/IEC 11801:2002 дефиниран за системи од Категорија 6/Класа Е со значителна маргина, дури и кога се користи во најлошиот случај на конфигурација со 4-конекторски канал.

LANmark-6 Snap-in конекторот ги поддржува сите податочни апликации дефинирани за Категорија 5, Категорија 5е и Категорија 6, како што се 10BASE-T, Fast Ethernet, Gigabit Ethernet, 155 ATM, 1.2 ATM итн. За LANmark-6 Snap-in конекторот сe извршени независни тестирања и е утврдено дека кога се користи со LANmark-6 кабел и печкорди, 4-конекторскиот канал ги надминува строгите барањата за Класа E што се дефинирани со стандардот ISO/IEC 11801:2002.

LANmark-6 Snap-in конекторот е „безалатен“ конектор (toolless) кој е така дизајниран да им овозможи на сите 8 жици да бидат брзо терминирани без потреба од алатка за приспојување (кроне модул), овозможувајќи брза и сигурна инсталација. За побрза и полесна инсталација постои специјална алатка која ви овозможува и едноставно реконектирање во случај на инсталатерска грешка.

Кодови за нарачка:

Категорија LSZH
LANmark-6 Snap-in connector, unscreened for solid wire N420.660
LANmark-6 Snap-in connector, unscreened for stranded wire N420.661
LANmark-6 Snap-in connector, screened, with rear cover (EMC) for solid wire N420.666
LANmark-6 Snap-in connector, screened, with rear cover (EMC) for stranded wire N420.667

LANmark -6 Snap-in конектор Cat 6 10G

LANmark-6 10G Snap-in конекторот е развиен за поддршка на 10 Gigabit Ethernet-апликација дефинирана со драфт 2.1 од страна на работната група IEEE802.3an и е специфициран на фреквенции од 1 до 500 MHz. LANmark-6 10G Snap-in конекторот е дел од модуларните системи на Nexans и е погоден за секој структурен хардвер од истиот ранг. Кога се користи заедно со Nexans LANmark-6 10G каблите и LANmark-6 10G Ultim-печкордите, конекторот ги надминува строгите барања за линк и за 100m 4-конекторски канал дефинирани за Класа E и со спецификациите IEEE 802.3an draft 2.1 и TSB-155 draft 2.0 за 10 Gigabit Ethernet (10GBase-T). Освен 10 Gigabit Ethernet-апликацијата, LANmark-6 Snap-in конекторот ги поддржува и сите останати податочни апликации дефинирани за Категорија 5, Категорија 5е и Категорија 6, како што се 10BASE-T, Fast Ethernet, Gigabit Ethernet, 155 ATM, 1.2 ATM итн.

LANmark-6 10G Snap-in конекторот е „безалатен“ конектор (toolless) кој е така дизајниран да им овозможи на сите 8 жици да бидат брзо терминирани без потреба од алатка за приспојување (кроне-модул), овозможувајќи брза и сигурна инсталација. За побрза и полесна инсталација постои специјална алатка која ви овозможува и едноставно реконектирање во случај на инсталатерска грешка.

  • 10Base-T Ethernet
  • 100Base-TX Fast Ethernet
  • 1000Base-TX Gigabit Ethernet
  • 10GBase-T 10 Gigabit Ethernet IEEE 802.3
  • 155 Mbit ATM
  • 1.2 Gbit ATM
  • future 10G applications
Освен 10 Gigabit Ethernet-апликацијата, LANmark-6 Snap-in конекторот ги поддржува и сите останати податочни апликации дефинирани за Категорија 5, Категорија 5е и Категорија 6, како што се 10BASE-T, Fast Ethernet, Gigabit Ethernet, 155 ATM, 1.2 ATM итн.

LANmark-6 10G Snap-in конекторот е „безалатен“ конектор (toolless) кој е така дизајниран да им овозможи на сите 8 жици да бидат брзо терминирани без потреба од алатка за приспојување (кроне-модул), овозможувајќи брза и сигурна инсталација. За побрза и полесна инсталација постои специјална алатка која ви овозможува и едноставно реконектирање во случај на инсталатерска грешка.

Кодови за нарачка:

Категорија LSZH
LANmark-6 10G Snap-in connector, screened, with rear cover (EMC) for solid wire N420.666G
LANmark-6 10G Snap-in connector, screened, with rear cover (EMC) for stranded wire N420.667G

LANmark-7 Snap-in конектор Cat 7 Class

LANmark-7 GG45 е „2 во 1“ Snap-in конектор за големи брзини кој содржи интерфејс за Категорија 5е/Категорија 6(6а) (RJ45), како и интерфејс за Категорија 7, користејќи 4 дополнителни контакти за пренос од 600 MHz. LANmark-7 е компатибилен со RJ45 интерфејсот благодарејќи на вградениот прекинувач кој активира 8 од вкупните 12 контакти. За Категорија 5/5е и Категорија 6(6а) (значи пренос до 100/250 MHz) се користат горните 8 контакти (RJ45 интерфејс), додека за Категорија 7 (значи пренос до 600 MHz) се користат 8 контакти поставени во аглите на конекторот.

Кога се користи со LANmark-печкорди од Категорија 6 или 7, LANmark-7 GG45 ги надминува барањата на Категорија 6/Класа Е, како и на Категорија 7/Класа F стандардот (ISO/IEC 11801:2002) со значителна маргина. GG45 ги поддржува сите податочни апликации дефинирани за Категорија 5/5е, Категорија 6 и Категорија 7 како што се: 10BASE-T, 100BASE-T, Gigabit Ethernet, 1000BASE-TX, 1 Gbase TX2 over Class F, 1 Gbase TX4 over Class F, 10 gigabit Ethernet according draft IEEE802.3.AN, 155 ATM, 622 ATM, 1G ATM (CB1G), како и SOHO HEM апликации (CATV).

GG45 Snap-in конекторот е целосно оклопен (screened) со 360о EMC заштита. Металниот крст во внатрешноста на конекторот придонесува за подобрување на NEXT-параметарот. Како и повеќето Snap-in конектори на Nexans, LANmark-7 GG45 Snap-in fконекторот е „безалатен“ конектор (toolless) кој е така дизајниран што овозможува терминирање со рака, без потреба од алатка за приспојување (кроне-модул), овозможувајќи брза и сигурна инсталација. За побрза и полесна инсталација на поголеми проекти може да се користи т.н. комфорна алатка за терминирање (comfort tool).

Кодови за нарачка:

Категорија LSZH
LANmark-7 GG45 Snap-in connector, screened, with rear cover (EMC) for solid wire N420.730
LANmark-7 GG45 Snap-in connector, screened, with rear cover (EMC) for stranded wire N420.731

Бакарни печкорди

Nexans Essential Patch cords

Nexans Essential Cat 5e, Cat 6

Намената на Essential-печкордите е да ја комплетираат инсталацијата на Essential-системите од Категорија 5е и Категорија 6. Карактеристики:

  • Флексибилна сива изолација од PVC
  • Оклопена (screened) кај Сат5е или неоклопена (unscreened) верзија (Сат5е и Сат6)
  • Ниска цена

Кодови за нарачка Essential Cat 5e, Cat 6:

Cat5e Unscreened PVC
1,5m N101.112DGG
3m N101.112FGG
Cat5e Screened PVC
1,5m N101.122DGG
3m N101.122FGG
Cat6 Unscreened PVC
1m N101.11ECGG
2m N101.11EEGG
3m N101.11EFGG
5m N101.11EHGG
Cat6 Unscreened LSZH
1m N101.21ECOO
2m N101.21EEOO
3m N101.21EFOO
5m N101.21EHOO

Nexans LANmark Patch cords

Cat 5e Class D

LANmark-5 RJ45 печкордите од подобрената Категорија 5е/Класа D нудат супериорни перформанси кои ги надминуваат спецификациите за Класа D дефинирана за целиот канал „од крај до крај“. Mалиот пресек на кабелот овозможува уредна инсталација и го поедноставува виткањето на печкордите во снопови во кабинетите. Како изолациона обвивка се користи PVC или обвивка од материјал што не испушта отровни супстанции (без халоген) во случај на пожар и ја забавува пропагацијата на пламенот, т.н. LSHF-FR (Low Smoke Halogen Free - Flame Retardant).

Кодови за нарачка Cat 5e Class D (стара ознака):

Unscreened LSZH PVC
1m N101.213.CO N101.113.CF
2m N101.213.EO N101.113.EF
3m N101.213.FO N101.113.FF
5m N101.213.HO N101.113.HF
Screened LSZH PVC
1m N101.223.CO N101.123.CF
2m N101.223.EO N101.123.EF
3m N101.223.FO N101.123.FF
5m N101.223.HO N101.123.HF
Забелешка: Други должини се достапни на барање.

Cat 6 Class E

Печкордите или преспојните кабли од Категорија 6 целосно ги максимизираат перформансите на каналот и ги надминуваат спецификациите на ISO 4-конекторскиот канал кога се употребуваат како дел од Nexans Class E кабелското решение. Со печкордите од Категорија 6 се постигнува зголемен податочен проток и се постигнува максимална флексибилност на системот овозможувајќи дополнителни надоврзувања во мрежата или вметнување на т.н. консолидациони точки CP.

Nexans исто така обезбедува печкорди со единечен RJ45 модул за да се користат како pigtail во случај да се потребни консолидациони точки.

  • Мултимедијални печкорди за големи протоци
  • Оклопена (screened) и неоклопена (unscreened) верзија
  • Ја користат C3-кабелската технологија за Категорија 6

Достапни и како pigtail со единечен RJ45 модул

Кодови за нарачка Cat 6 Class Е:

Unscreened LSZH
1m N116.P1A010OK
2m N116.P1A020OK
3m N116.P1A030OK
5m N116.P1A050OK
10m N116.P1A100OK
20m N116.P1A200OK

Cat 6a 10G Ultim

LANmark-6 10G Ultim печкордите се развиени за поддршка на новата 10 Gigabit Ethernet-апликација дефинирана со драфт 2.1 од страна на работната група IEEE802.3an и се специфицирани на фреквенции до 500 MHz. Со LANmark-6 10G Ultim печкордите се постигнува зголемен податочен проток и се постигнува максимална флексибилност на системот овозможувајќи дополнителни надоврзувања во мрежата или вметнување на т.н. консолидациони точки CP. LANmark-6 10G Ultim печкордите ги задоволуваат „de-embedded “-тест барањата специфицирани со IEC 60603-7-4, IEC 60603-7-5 и со EIA/TIA-568-B.2-1. Тие се изработени со новата STP-технологија на Nexans за изработка на печ-кабли, а како резултат на нивната интероперабилност, можат да се користат за тестирање и сертифицирање на канал како прецизни тест-печкорди.

Кодови за нарачка Cat 6a Class Еa

Code Description
N11A.U1F010OK LANmark-6A Ultim Patch Cord Cat 6A Screened LSZH 1m Orange
N11A.U1F020OK LANmark-6A Ultim Patch Cord Cat 6A Screened LSZH 2m Orange
N11A.U1F030OK LANmark-6A Ultim Patch Cord Cat 6A Screened LSZH 3m Orange
N11A.U1F050OK LANmark-6A Ultim Patch Cord Cat 6A Screened LSZH 5m Orange
N11A.U1F100OK LANmark-6A Ultim Patch Cord Cat 6A Screened LSZH 10m Orange
N11A.U1F200OK LANmark-6A Ultim Patch Cord Cat 6A Screened LSZH 20m Orange
N11A.U1F300OK LANmark-6A Ultim Patch Cord Cat 6A Screened LSZH 30m Orange
N11G.P1B010OK LANmark-6 10G Patch Cord Cat 6 500MHz Screened LSZH 1m Orange
N11G.P1B020OK LANmark-6 10G Patch Cord Cat 6 500MHz Screened LSZH 2m Orange
N11G.P1B030OK LANmark-6 10G Patch Cord Cat 6 500MHz Screened LSZH 3m Orange
N11G.P1B050OK LANmark-6 10G Patch Cord Cat 6 500MHz Screened LSZH 5m Orange
N11G.P1B100OK LANmark-6 10G Patch Cord Cat 6 500MHz Screened LSZH 10m Orange
N11G.P1B200OK LANmark-6 10G Patch Cord Cat 6 500MHz Screened LSZH 20m Orange
N11G.P1B300OK LANmark-6 10G Patch Cord Cat 6 500MHz Screened LSZH 30m Orange

Cat 7 Class F, Cat 7а Class Fа

Nexans-овиот печкорд од Категорија 7 и Категорија 7а со GG45 машки конектор без прекинувач овозможува остварување на систем од Класа F и Класа Fа со пренос од 600 MHz, односно 1000 MHz. Подвижниот дел на предната страна од конекторот го активира прекинувачот што се наоѓа во женскиот GG45-конектор и ги заземјува контактите што не се користат за Категорија 7(а) (3-4 и 5-6 од горните 8 контакти). Со користење на 8 контакти што се поставени во аглите на конекторот се постигнува одлично ниво на NEXT и Return Loss параметрите. Печкордите или преспојните кабли од Категорија 7(а) целосно ги максимизираат перформансите на каналот и ги надминуваат спецификациите на ISO 4-конекторскиот канал кога се употребуваат како дел од Nexans Class F(а) кабелското решение. Со печкордите од Категорија 7(а) се постигнува зголемен податочен проток до 600 MHz, односно 1000 MHz и се постигнува максимална флексибилност на системот овозможувајќи дополнителни надоврзувања во мрежата или вметнување на т.н. консолидациони точки CP.

  • Мултимедијални печкорди за големи протоци
  • Оклопена (screened) верзија
  • 2xGG45 4-парични, не се компатибилни со RJ45-интерфејсот
Постојат и т.н Splitter Patch Cord кои овозможуваат повеќе апликации да се одвиваат истовремено со користење на само 1 GG45 permanent link.

Махимум до 4 пара различни комбинации се поддржани:

  • 4 services : пр. 4 x 1 pair applications како што е voice, fax, CATV/CCTV
  • 3 services: пр. 2 x 1 pair applications plus 1 x 2 application како што Ethernet или Fast Ethernet
  • 2 services: ex. 2 x 2 pair applications
  • 1 service: пр. 1 x 4 pair application како што е Gigabit Ethernet

Codes for order Cat 7 Class F, Cat 7а Class Fа:

Code Description
Cat 7
N101.239CO LANmark-7 Patch Cord GG45 Cat 7 Screened LSZH 1m Orange
N101.239EO LANmark-7 Patch Cord GG45 Cat 7 Screened LSZH 2m Orange
N101.239FO LANmark-7 Patch Cord GG45 Cat 7 Screened LSZH 3m Orange
N101.239HO LANmark-7 Patch Cord GG45 Cat 7 Screened LSZH 5m Orange
N101.2D9EO LANmark-7 Patch Cord GG45 RJ45 Cat 6 Screened LSZH 2m Orange
N101.2A9CG LANmark-7 Splitter Cord GG45 2xRJ45 Screened LSZH 1m Light Grey
N101.2A9EG LANmark-7 Splitter Cord GG45 2xRJ45 Screened LSZH 2m Light Grey
N101.2A9FG LANmark-7 Splitter Cord GG45 2xRJ45 Screened LSZH 3m Light Grey
N101.2A9HG LANmark-7 Splitter Cord GG45 2xRJ45 Screened LSZH 5m Light Grey
N101.2B9EG LANmark-7 Splitter Cord GG45 1xRJ45 2xRJ11 Screened LSZH 2m Light Grey
N101.2B9FG LANmark-7 Splitter Cord GG45 1xRJ45 2xRJ11 Screened LSZH 3m Light Grey
N101.2B9HG LANmark-7 Splitter Cord GG45 1xRJ45 2xRJ11 Screened LSZH 5m Light Grey
Cat 7a
N101.23AEO LANmark-7A Patch Cord GG45 8C Cat 7A Screened LSZH 2m Orange
N101.23AFO LANmark-7A Patch Cord GG45 8C Cat 7A Screened LSZH 3m Orange
N101.23AHO LANmark-7A Patch Cord GG45 8C Cat 7A Screened LSZH 5m Orange
N101.23AOO LANmark-7A Patch Cord GG45 8C Cat 7A Screened LSZH 10m Orange
N101.23ARO LANmark-7A Patch Cord GG45 8C Cat 7A Screened LSZH 20m Orange

Бакарни печ-панели

Телефонски печ-панел

Телефонскиот печ-панел на Nexans се состои од 50 порти и е наменет за вградување во 19" кабинети. Секоја порта е нумерирана, а на 1 порта може конектирање на 2 пара (5,4 - 3,6).

Кодови за нарачка Voice 1HU 50 ports patch panel:

Voice Patch Panel 1 HU 50 RJ45 Cat3 ports N500.350

Модуларен LANmark Patch Panel Snap-in (Cat 5e, Cat 6(а) и Cat 7(а))

Nexans нуди потполно нов ранг на празни печ-панели за 24 Snap-in конектори. Новиот ранг на печ-панели е погоден за сите Snap-in конектори од производното портфолио на Nexans (Essential, LANmark-5, LANmark-6 и LANmark-7). Печ-панелите се така дизајнирани да можат да се сместат во кој било 19" кабинет и имаат висина од 1 HU. Nexans предлага два празни печ-панели со следниве карактеристики:

Со лизгачки механизам

  • Лизгачки механизам: овозможува лесна и брза инсталација и едноставно одржување
  • Clip-on механизам: ослободување од притисок и оптегнување на каблите и нивно заземјување
  • Компатибилни со сите форми на Snap-in конекторите на Nexans
  • 24 порти со вклучени затворачи на портите
  • Изработен од јак метал
  • Со флексибилен систем на нумеричко етикетирање

Без лизгачки механизам

  • Clip-on механизам: ослободување од притисок и оптегнување на каблите и нивно заземјување
  • Компатибилни со сите форми на Snap-in конекторите на Nexans
  • 24 порти со вклучени затворачи на портите
  • Изработен од јак метал
  • Испечатено нумеричко етикетирање

Кодови за нарачка:

опис Со лизгачки механизам Без лизгачки механизам
Modular 1 HU Patch Panel, empty N521.663 N521.664BK, N521.661

Немодуларен LANmark-5 PCB без лизгачки механизам

Nexans-овиот LANmark-5, 1 HU печ-панел без лизгачки механизам за кабли со впредени парици се базира на спецификациите на ISO/IEC 11801 за Категорија 5е, Класа D 2002. 19" печ-панел овозможува конекција од напред, користејќи стандардни LSA IDC контакти.

Одржувањето е лесно благодарејќи на интегрираниот кабел-водич на кој каблите се прицврстуваат со помош на стегици. Употребата на печ-водичи (се продаваат како посебни компоненти) овозможува уредно сместување на печкордите.

Кодови за нарачка

опис Unscreened Screened
LANmark-5 Patch Panel 1 HU 24 RJ45 PCB/LSA Top Con. N500.205 N500.215

Немодуларен LANmark-5 PCB со лизгачки механизам

LANmark-5, 1 HU PCB печ-панелот за кабли со впредени парици се базира на 19" рамка која содржи лизгачки механизам за полесен пристап кога печ-панелот е монтиран во кабинет. Терминирањето се извршува од предна страна со што дополнително се олеснува и убрзува инсталацијата.

Одржувањето е лесно благодарејќи на интегрираниот прицврстувач (clip-on) на кабелот кој обезбедува доверливо заземјување и чување на каблите. Употребата на печ-водичи овозможува уредно сместување на печкордите. Може да се користи со сите типови на кабел F2TP, UTP, STP како и со различна дебелина 24, 23 и 22 AWG. Кодови за нарачка

опис Unscreened Screened
LANmark-5 PCB Patch Panel 1 HU 24 RJ45 with sliding mechanism and clip-on N500.105 N500.115

Essential печ-панели (Немодуларни и модуларни)

Код Опис
N500.202 Essential-5 PCB Patch Panel Unscreened 24 RJ45 Cat 5e Rear Connect White
N500.204 Essential-5 PCB Patch Panel Unscreened 24 RJ45 Cat 5e Rear Connect Black
N500.206 Essential-6 PCB Patch Panel Unscreened 24 RJ45 Cat 6 Rear Connect Black
N521.660BK Essential Patch Panel 24 Keystone Black
N521.660 Essential Patch Panel 24 Keystone White

Зонски кутии за бакарни кабли

Зонската дистрибутивна кутија на Nexans за максимум 12 Snap-in конектори,  дизајнирана за инсталација на консолидациони точки, значително ја подобрува флексибилноста на локацијата на работните места (работните бироа) во работниот простор (канцелариите). Таа е посебно корисна во отворените работни простории, каде што е често потребно преместување на приклучоците во работната околина. Зонската дистрибутивна кутија е едноставна за инсталација, при што може да се смести на таван, на дуплиот под или на ѕид. Таа овозможува имплементација на 3 или на 4-конекторски канал на Nexans.

Зонската кутија е компатибилна со сите Snap-in конектори од производното портфолио на Nexans и ја користи ексклузивната технологија на Nexans за инсталација на конекторите.

  • До 12 порти со вклучени затворачи на портите
  • Clip-on механизам: ослободување од притисок и оптегнување на каблите и нивно заземјување
  • Компатибилни со сите форми на Snap-in конекторите на Nexans
  • Можност за вметнување на кабелот од двата отвора на задната страна или од едниот на дното
  • Заштита од прашина на задните два отвора за кабел
  • Дупки за фиксирање на кабелот со стегици
  • Испечатено нумеричко етикетирање

Кодови за нарачка

Universal Zone Distribution Box 521.600
ПОЧЕТНА | ПАРТНЕРИ | WE MAKE IT WORK | KASPERSKY МРЕЖА | ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ | ЕДУКАЦИЈА | КОНТАКТ
Copyright © KABTEL Co., Ltd. 2001-2018. Сите права се задржани.