Општествена одговорност

Општествена одговорност
Општествената одговорност е неразделен дел од работењето на Кабтел. Сите производи и услуги кои Кабтел ги создава и ги нуди првично се наменети за задоволување на потребите и желбите на клиентите од опкружувањето ‒ затоа посебна грижа водиме за одржување и за подобрување на тоа опкружување.

Изразеното чувство на почит и поддршка кон културата, спортот, науката, музиката, здравството, образованието многупати го потврдивме преку голем број донаторски и хуманитарни акции:

  • Учество на меѓународна изложба на автомобили во Гевгелија 2015 година.
  • Спонзорство на втората Хуманитарна велосипедска тура за децата од СОС Детско село
  • Хуманитарна кампања за одбележување на “16 ОКТОМВРИ - СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДОТ”
  • Хуманост на дело - крводарителска акција
  • Спонзорство на хуманитарниот фестивал „Мото-рок фест – Куманово – Град на мотоциклите“
  • Спонзорство на Саемот за вработувања и пракса „KОНТАКТ“ организиран од Студентскиот парламент на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.
  • Донаторска акција за ПХВ финална работилница во циклусот 2013-2015 година на Црвен крст
  • Спонзорство на вториот настан „Стратегија на терен“ организиран од заедницата „МБА Македонија“.
  • Учество на хуманитарната трка на СКОПСКИ МАРАТОН во 2015 година.
  • Спонзорство на Меѓународниот летен академски курс „Знаењето на комуникациите ‒ Добредојдовте во светот на информациите“ организиран од Бордот на Европските студенти по технологија
  • Донација на компјутерска опрема на Институтот за белодробни заболувања кај деца, Козле
  • Спонзорство на VI HST Светско радиоаматерско првенство, Скопје
  • Донациски акции за СОС Детско село, Скопје
  • Спонзорство на Хуманитарен концерт на СОС Детско село, Македонија
  • Спонзорство на Кошаркарскиот клуб Пелистер, Битола
  • Спонзорство на Младинската школа МЗТ, Скопје
  • Клуб на пријатели на СОС Детско село
  • Спонзорство на настанот „50 години студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии“ во Скопје
  • Бесплатна обука за студенти и невработени лица во Регионалниот тренинг центар на Nexans, Скопје
  • Спонзорство на Ансамблот за народни песни и ора „Кочо Рацин“, Скопје
  • Спонзорство на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ
  • Спонзорство на „Startup Weekend“ во Скопје и Глобалната недела на претприемаштвото, организирани од Фондацијата Претприемачки сервис за млади
  • Спонзорство на „Feel the Energy 2“ организиран од Здружението на студенти по електротехника ЕЕСТЕК ‒ Локален комитет Скопје
  • Спонзорство на книгата Акведукт (дузина кратки раскази) од Тони Манџуковски-Манџук
ПОЧЕТНА | ПАРТНЕРИ | WE MAKE IT WORK | KASPERSKY МРЕЖА | ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ | ЕДУКАЦИЈА | КОНТАКТ
Copyright © KABTEL Co., Ltd. 2001-2018. Сите права се задржани.