Нашиот тим
Нашиот тим е нашето највредно богатство и главната причина за нашиот успех. Успесите на компанијата се потпираат не само на нашите технологии, методологии и инфраструктура туку и на придонесот и посветеноста на вработените.

Сите знаеме дека луѓето ја прават разликата! Нашите вработени секојдневно работат за да се задоволат потребите на клиентите и да се обезбеди извонредност во давањето услуги.

Работејќи во пријателска атмосфера, не само што ги имаме најнапредните и најдобрите производи и технологии туку имаме и силно втемелено тимско единство околу главната цел: да им нудиме услуги на клиентите на најдобар можен начин.

Нашиот тим е единствена комбинација од лидери, стратези, инженери, ИТ-експерти, продажни специјалисти и помошен персонал.

Клиентите ги бараат нашите услуги поради квалитетот на нашите луѓе. Членовите на нашиот раководен тим поседуваат експертски познавања од индустријата, технички квалификации и силна волја да им помогнат на клиентите во постигнувањето на нивните цели.

Ги организираме нашите вработени според индустријата и специфичноста на услугите, што ни овозможува да дадеме посебна стручност на понудените решенија кои покриваат најразлични сервисни потреби. Нашите специјалисти за ИКТ имаат длабоко чувство за развој и предлагаат нови и напредни решенија. Тие ги дизајнираат нашите услуги на начин на кој ќе ги задоволат и најспецифичните потреби на клиентите. Сите заедно ги поддржуваме пријателството, новите предизвици и чувството за заедништво. Нашите луѓе се најдобри и нашата иднина е во нивни раце!

Ги цениме своите вработени поради нивната надареност, посветеност и придонес, а нашата визија е да бидеме „Прв избор за клиентите кои бараат труд и доверба“.

ПОЧЕТНА | ПАРТНЕРИ | WE MAKE IT WORK | KASPERSKY МРЕЖА | ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ | ЕДУКАЦИЈА | КОНТАКТ
Copyright © KABTEL Co., Ltd. 2001-2018. Сите права се задржани.